Актуелно
Почетна / Сцена / Том Круз гради ЛУКСУЗНА НАСЕЛБА за потребите на филм

Том Круз гради ЛУКСУЗНА НАСЕЛБА за потребите на филм

Американскиот филмски актер и продуцент Том Круз гради цело село на напуштената писта на РАФ во Оксфордшир, Велика Британија, каде планира да продолжи со снимањето на седмото продолжение на филмот „Невозможна мисија“, пишува „Дејли Меил“.

Целиот тим од сетот ќе биде сместен во луксузни Winnebago кампери, а пристигнувањето во сетот ќе биде нешто поразлично од вообичаеното. Ќе се доаѓа преку специјално дизајнирани балони за да го минимизираат контактот со другите членови на тимот.

– Потребна е луксузна камп населба бидејќи повеќето хотели се затворени, така што сите ѕвездите на филмот ќе живеат заедно за време на снимањето. Овој вид на решение е прилично скап, но Том Круз е познат по тоа што сé прави подобро и потемелно од другите. Филмовите од серијалот „Невозможна мисија“ секогаш се голем хит и заработуваат многу пари, па затоа е важно студиото „Парамаунт“ да продолжи со снимањето што е можно поскоро – рече еден од членовите на филмската екипа.

loading...