54
Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, денеска изјави дека говорот на омраза упатен кон боксерките Имане Келиф од Алжир и Лин Џу Тинг од Тајван е целосно неприфатлив.
„Нема да учествуваме во политички мотивирана… културна војна“, им рече Бах на новинарите во Париз.
Во последните денови една од главните теми на Олимписките игри се Келиф и Лин и се дискутира за нивниот пол.