Томас Маркл: Не сакам да ја видам, ми должи

Откако принцот Хари и Меган Маркл одлучија да отстапат ос кралските должности , Томас откри дека повеќе не сака да ја види својата ќерка, пишува Daily Mail. Тој рекол дека Хари се однесува како осетливо 12-годишно дете и не може да верува дека Меган ги отфрлила соништата.

– Не ми е грижа. Во овој момент тие ми должат. Тоа што го поминав би требало да ми биде наградено. Ќерката ми рече дека ќе се погрижи за мене кога ќе остарам. Хати во една прилика ми рече: ‘Штета што не умрев, бидејќи тогаш ќе се преправавте дека сте тажни’ – рекол Томас.

Тој се присетил на моментот кога Меган го повикла и му рекла дека има ново момче, но тој тогаш не разбрал што значи таа да излегува со член на кралското семејство. Како што вели, би можела да биде холивудска ѕвезда, но тој тоа не би го разбрал. Кога дојде тој ден, венчавката, Томас не можел да присуствува. Доживеал срцев удар и лекарите му рекле дека не смее да оди на пат, особено не во авион.

– Сакав тогаш да му се извинам на целото кралско семејство, но Меган рече немој. Сигурна сум дека Меган беше вознемирена и плачеше – раскажал за комплицираниот однос со ќерката. Тој признал дека за нејзината бременост дознал преку радио.

– Седев во својот автомобил и чекав да преминам граница. Слушнав добра вест – Меган беше бремена. Не би поверувале, но јас тоа не го дознав преку телефон, туку преку радио – раскажал.

За потсетување, британските весници минатата годин објавија извадоци од писмото на Меган, до нејзиниот татко.

– Твоите постапки ми го скршија срцето на милион парчиња. Не само затоа што произведе непотребна и неоправдана болка, туку затоа што одлучи да не ја кажеш вистината. Никогаш тоа нема да го разберам – напишала Меган во дел од писмото.

Слични содржини