Томиќ повеќе не е тренер на Црвена звезда

од Vladimir Zorba

По серијата слаби резултати во АБА лигата и поразите од Будуќност и Крка, тренерот на Црвена звезда, Милан Томиќ реши да си замине од клубот. Тој вчера си поднесе оставка, истата беше одбиена од клупската управа, но Томиќ инсистираше на заминување од кормилото на актуелниот шампион на АБА лигата.

Екипата ќе ја води неговиот досегашен асистент, Андрија Гавриловиќ, кој ќе седи на клупата на тимот на претстојниот меч од Евролигата против Барселона.

Томиќ е главен фаворит да го презеде кормилото на Олимпијакос по заминувањето на Дејвид Блат.

Слични содржини