Хрватскиот пејач Марко Перковиќ Томпсон носеше маица со број 03941158 на концертот, а тоа е посвета на Звонко Бушиќ.
Имено, ова не е прв пат Томпсон да носи облека со споменатиот број истакнат на неа. Тој ја носи како посвета на хрватскиот политички емигрант Звонко Бушиќ, кој беше осуден на доживотен затвор во САД во 1977 година за киднапирање авион.
Бушиќ е најпознатиот хрватски емигрант, кој отслужи 32 години во американски затвор за смртта на полицаец и киднапирањето авион со што сакаше да го предупреди светот за позицијата на Хрватска во Југославија.
Се врати во Хрватска во јули 2008 година, а во 2010 година стана политички активен во неофашистичката Хрватска партија на правата, чиј член беше и Томпсон.
Томпсон дури му ја посветил и песната „Дух ратника“, објавена на албумот „Било једном у Хрватској“ во 2006 година.
Бушиќ е роден во 1946 година во херцеговското село Горица, а додека студирал во Виена се запознал и се оженил со американската студентка Џулиен Еден Шулц.
123 лица приведени на концертот на Томпсон во Загреб, 24 хоспитализирани
123 лица беа приведени на концертот на хрватскиот пејач Марко Перковиќ Томпсон на загрепскиот хиподром. Покрај тоа, беа евидентирани 245 медицински интервенции, а 24 лица беа пренесени во болници.
Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска изјави дека во Центарот за итна медицинска интервенција и во Хиподромот имало интервенции поврзани со труење и предозирање со алкохол, полесни повреди и рани, алергиски реакции, нарушувања на свеста итн.
Хрватскиот Црвен крст имал околу 400 интервенции, претежно за полесни здравствени проблеми. Заменик-директорот на Хрватскиот институт за итна медицина, Дамир Важаниќ, изјави за Хина дека 24 лица биле пренесени во болница.
„Вкупно 112 лица беа згрижени во Центарот за итна медицинска интервенција во Велешајам, во привремено болничко одделение, а 24 од нив беа пренесени во болници – Клаиќева, КБЦ Загреб (Ребро), КБЦ Сестре милосрднице (Виноградска) и Клиниката за заразни болести д-р Фран Михаљевиќ“, рече тој.
Од 123 лица приведени од полицијата, 111 беа приведени за поседување пиротехнички средства, а останатите го нарушуваа јавниот ред. 121 пиротехнички средства беа конфискувани.
Државната единица за интервенција на цивилната заштита доби пријава дека две лица се искачиле на скелето што било поставено зад сцената, по што биле спуштени на безбедно место.
Како што беше објавено на Фејсбук страницата на Томпсон, на концертот присуствуваа 504.000 луѓе.