Тони денес да молчи, да одмара и никој да не го гњави, кажа судијата Ставрев

од Vladimir Zorba

„Тони денес да молчи, да одмара и никој да не го гњави“.

Вака судијата во случајот „ТНТ“, Огнен Ставрев се обрати кон обвинетиот Тони Трајковски откако неговиот адвокат достави лекарска документација.

– Ова што го гледам во извештајот од лекарот и од она што го разбирам од медицината, не е ништо страшно, додаде судијата.

Јавниот обвинител во случајот, Бурим Рустеми побара да не се одолговлекува судскиот процес и побара од судот да ја развои постапката за Тони Трајковски и да му се суди одвоено.

Според адвокатите на второобвинетиот Миле Јанакиевски, не постојат услови за раздвојување на постапката за Трајковски.

„Чудно е што на почеток на едно вакво рочиште, кога е тука обвинетиот, обвинителството да бара раздвојување. Не знам зошто на обвинителството му се брза за овој предмет“,изјави екс министерот за транспорт и врски.

Во моментов има пауза од 20 минути.

И.Р.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини