Тони Крос со мајсторија ја остави Германија во игра

од desk2

Германија мораше да ја победи Шведска за да остане во добра позиција за 1/8 финалето и на крајот победија и тоа со мајсторија на Тони Крос во 95 минута!

Светскиот шампион започна силно, создаваше шанси пред голот на противникот, но во 32 минута следуваше вистински шок.

Една брза контра на Швеѓаните беше претворена во погодок, Тоивонен го лобуваше Ноер за предност од 1:0! До крајот на првиот дел Германија продолжи да напаѓа, но погодок немаше.

Вториот дел следуваше нов бран на напади кон голот на Швеѓаните и после само три минути Марко Ројс погодува за 1:1.

Во тие моменти изгледаше како светскиот шампион да ја има контролата над натпреварот, создаваа прилики. На крајот притискаа со сите сили, а голот го постигнаа онака како што тие знаат во последната секунда! Стрелец беше Тони Крос со мајсторски изведен слободен удар за големи три бода на Германците.

Слични содржини