Тони Цетински ги промовира своите ставови против вакцините на национален телевизиски сервис (видео)

од Nikola Popovski

Пејачот Тони Цетински бил гостин во емисијата на Хрватската национална телевизија (ХРТ), „Добро утро, Хрватска“ по повод презентацијата на својата нова песна „Дом“, која ја снимил заедно со раперот Марино Ивановиќ Сток.

За време на разговорот со водителите, Цетински започнал да зборува за штетноста на вакцинацините.

„Денес е Ден на жртвите оштетени од вакцините, затоа потпишуваме виртуелни свеќи на веб-страницата „lightakandle.eu“. Ние го славиме овој ден со кликнување на свеќата и заедно го даваме својот придонес во подигање на свеста дека жртвите од вакцинацијата постојат“, изјавил Цетински.

Водителите на шоуто не кажаа ниту еден збор за неговата изјава и продолжиле да разговараат со него за неговите концерти.

Откако биле запрашани дали можлее и требале да реагираат на изјавата на музичарот, уредниците на шоуто испратиле изјава, која е и официјалниот став на редакцијата на шоуто „Добро утро Хрватска“ и врвот на ХРТ.

„Позицијата на ХРТ и редакцијата на емисијата „Добро утро Хрватска“ е дека не поддржува ничиј активизам, вклучително и на Тони Цетински, кој го искористи просторот во нашето шоу. Сè за што требаше да се зборува, беше неговото ново видео и неговата музика“, стоело во соопштението.

Претходно, Цетински во живо на „Фејсбук“ објави дека е против вакцинирање, дека вакцината е опасна и дека евентуалното вакцинирање на луѓе против Ковид-19 ќе се користи за чипирање на луѓето и дека во тоа е поддржан од фудбалерот Дејан Ловрен.

Слични содржини