Топ 10 градови: Епидемијата со коронавирусот забрзано се шири на овие места во земјава

од Берта Китинска

Коронавирусот забрзано се шири низ земјава денеска беа регистрирани 404 нови слуачи и починати 14 лица во болнички услови.

Скопје 11201, активни 3388

Струмица 705, активни 419

Кичево 475, активни 122

Кочани 632, активни 210

Кавадарци 411, активни 158

Гостивар 1096, активни 140

Прилеп 1054, активни 302

Тетово 1897, активни 395

Куманово 2095, активни 310

Штип 1529, активни 190

Министерот за здравство убедува дека од понеделник ќе се пуштат повеќе термини за тестирање.

-Ќе обезбедиме дополнителен број на термини преку системот Мој термин, тоа е нешто што сега се работи за време на викендов и се обидуваме да на што побрз начин стигнеме до брзите тестови. Еден дел од постапката е веќе завршен сега следува втората фаза така што верувам дека тоа значајно ќе го олесни пристапот до тестовите, изјави Филипче.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26394, бројката на оздравени пациенти е 18430, на починати е 897, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7067.

 

Слични содржини