Топ дестинации за 2019 година, според Airbnb

од Vlatko K

Декември секогаш е добро време да планирате патувања за следната година.

Особено ако не сте потрошиле апсолутно сè околу празниците.

Периодот по новата година е добар за купување билети и резервирање, а Airbnb многу добро го знае тоа.

Затоа платформата неодамна го сподели своето рангирање на 19-те најатрактивни дестинации за наредната 2019 година.

Врз основа на посебни алгоритми кои откриваат што бараат и сакаат корисниците, Airbnb можат да прават предвидувања за приливот на туристи, па да знаеме каде да (не) одиме.

Се предвидува дека Каикура, Нов Зеланд, ќе биде најжешката дестинација следната година.

Гратчето е вистински рај, лоциран на југоисточниот брег на островската држава, и изгледа како едно од најмирните места на планетата.

На второ места, Airbnb предвидува тоа да биде пристанишниот град Ксиамен во јужна Кина.

Дестинацијата е особено интересна поради островите, кои влегуваат на територијата на градот.

Третата најпосетувана дестинација е градот Пуебла, кој се наоѓа во срцето на Мексико.

Во првите пет има само една европска дестинација, а тоа е Нормандија во Франција, која ерангирана на четвртото место во рангирањето.

Потоа следат:
5. Апалачите, САД
6. Буенос Аирес, Аргентина
7. Акра, Гана
8. Мозамбик
9. Северна Шкотска
10. Вакајама, Јапонија
11. Долината Хадсон, САД
12. Санта Катарина, Бразил
13. Батуми, Грузија
14. Винипег, Канада
15. Пондичери, Индија
16. Узбекистан
17. Калабрија, Италија
18. Андалузија, Шпанија
19. Тајван

Впечаток остава дека ние не гледаме ниту една од популарните егзотични дестинации како што се
Бали, Бора-Бора, Малдиви и други.

Слични содржини