Топ експерт ги руши митовите за целулитот

од Vladimir Zorba

Постојано слушаме различни работи за нашите тела, но на крајот дали медиумите се најдобар извор на информации? На позадината на сите овие слики со фотошоп и маркетинг кампањи, ветувачки магични производи, за “Топтан”, луѓето имаат нереална и брза проценка за тоа што е убаво и за своите тела.

Во обид да личат на супермодели, многу жени страдаат од ниска самодоверба и самооценка и се вртат во еден маѓепсан круг на несреќа. Самите тие обидуваат со што ли не, да го сменат својот изглед, но често прочитаното / наученото само ги влошува работите.

Една од најголемите “болки” на жените со децении е целулитот. Сте слушнале дека може да се справите со него со спорт и диети? Не! Тоа е уште еден мит и топ тренерката, мотиватор, Лајф коуч, автор на десетици книги за фитнес и исхрана и носителка на рекорди за најмногу фитнес видеа Шејлин Џонсон разоткри сè само со признанието: “И јас имам целулит!”.

Еве и кои се најраспространетите митови и легенди за целулитот според неа:

Што е целулитот?

– Тој е дел од човечкото тело, најчесто во областа на колковите.

– Се добива кога слојот масти над мускулите (поткожното масно ткиво) ќе помине низ сврзното ткиво.

– Целулитот се зголемува најчесто со пораст на процентот на масти во телото.

– Мажите вообичаено имаат помалку целулит, бидејќи имаат повеќе мускули, поцврсто сврзно ткиво и помал процент на масти во телото.

Мит 1: Целулитот значи дека имате повеќе килограми

Апсолутно неточно! Повеќето луѓе имаат целулит, дури и послабите. Овие поткожни масни наслаги можат да се формираат во секоја кожа.

Мит 2: Целулитот се забележува само кај жените

Да, кај дамите е појасно воочлив, но и мажите, исто така страдаат од кожа како кора од портокал. Кај мажите тој не се јавува единствено и само поради разликата во полот и составот на телото. Мажите имаат влакнести ленти, кои се движат паралелно на телото, додека кај жените тие се нормални. Токму нормалните влакнести ленти го предизвикуваат ефектот “дупчиња во образите”, кога ќе се изгуби еластичноста и  ќе “опадне”.

Мит 3: Целулитот се појавува во зрела возраст

Грешка! Тој може да се појави на која било возраст.

Мит 4: Целулитот се “лекува” со многу кардио

Вистината е дека треба да работите повеќе со тегови. Кардиото е одлично за одржување на формата и намалување на телесната тежина, но тренинзите со тегови може да го намалат целулитот, бидејќи со развојот на мускули се зголемуваат и заздравуваат влакнестите ленти. Кога кревате тегови, вие го засилувате фиброзното ткиво, со што се намалува појавата на целулитот.

Мит 5: Целулитот се лекува

За жал, не. Најдобра опција е да го ограничите развојот на целулитот и евентуално да ја намалите неговаста манифестација. Најдобра опција е урамнотежена исхрана и изградба и одржување на мускули.

Слични содржини