Топалов: Ниту САД ниту Макрон нема да ја присилат Бугарија да попушти и да донесе нелогични одлуки

од Nikola Popovski

Бугарија даде и дава безброј докази за добра волја, за желба за плоден политички дијалог, но потребно е да се возврати со истиот, а не да се води жестока, злобна антибугарска кампања. Крвта на оние Бугари кои загинаа за слободата на Македонија тече низ срцата на една третина од бугарското население, а ние, нивните потомци, никогаш нема да прифатиме дека нашите дедовци не биле Бугари, вели историчарот и дипломат Кирил Топалов, бугарски член на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања, во анализа за агенцијата „БГНЕС“.

Според него, промената станува сè поочигледна и неконструктивна.

„Можеби сме погрешиле (добронамерната личност е секогаш склона да претпостави барем малку ист квалитет кај својот противник), но на нашите први состаноци се чинеше дека имаме впечаток на некаква желба од барем некои членови од македонската страна да постигнат договор за едно или друго прашање од историјата, за кое се согласивме да разговараме со заедничка согласност“, смета Топалов.

Според историчарот, бугарските членови на историската комисија на почетокот мислеле дека нивните македонски колеги не се доволно историски образовани и имаат малку читано, но потоа сфатиле дека, всушност, причината била политичка – да се блокира работата на комисијата.

„Тие ги читаат фактите, истражувањата и толкувањата од бугарската и странската историографија како што ѓаволот го чита Евангелието. Го поминавме времето во кое тие очигледно сè уште живеат“, вели Топалов и додава:

„Вчера и претходниот ден, наместо да направат уште еден обид да дојдат до прифатлив текст за нивните учебници за суштината на царството на Самуил, за Григор Парличев и Гоце Делчев, тие ни доставија апстрактен и нелогичен текст за објаснување за овој „мултиперспективен“ историски пристап, што, како што веќе реков неколку пати во медиумите, може да се илустрира со тоа како двајца балкански Бугари гледаат во облакодер и едниот вели – да, тој е облакодер, а другиот одговара – не, тоа е мала селска колиба . Тоа е – вие си велите дека Самуил е бугарски крал, ние ќе продолжиме да ги учиме нашите деца дека тој е Македонец и ги поробил Бугарите, Грците, Албанците и другите околу вас, а вие сте Турци, Татари, Монголи, фашисти, окупатори и сè најстрашно што може да се замисли и така историската вистина ќе биде заштитена“, пишува дипломатот.

Тој укажува дека не треба да се води жестока, злобна антибугарска кампања, со која се заблудува македонското општество дека Германија, Португалија, Америка, Макрон или некој друг ќе изврши притисок врз Бугарија и ќе ја присили да носи нелогични одлуки.

„Како што видовме, дури и семоќната г-ѓа Меркел препорача да се разбереме, бидејќи ова е билатерално прашање и можеме само да се потсетиме дека не е Бугарија, туку РСМ е кандидат за членство“, вели Топалов.

Слични содржини