Топалов: С. Македонија се обидува да го заобиколи Договорот за добрососедство со различни планови

од Nikola Popovski

„Имаме Договор за добрососедство со Република Северна Македонија од 2017 година, но тие не го почитуваат и се обидуваат да го заобиколат со различни планови“, изјавил за Бугарското национално радио, професорот и историчар Кирил Топалов, член на Историската комисија меѓу Бугарија и Северна Македонија по повод акцискиот план објавен од премиерот Зоран Заев, за смирување на тензиите со Бугарија.

Професорот бил категоричен дека Бугарија секогаш ја гледала С. Македонија како крвни сродници, а тие „тие нè гледаат со жестоко непријателство“.

„Бугарија го признава идентитетот на Македонците, тоа е од 1944 година, но поентата е дека тие ја фалсификуваат историјата“, рече Кирил Топалов.

Според него, доколку Македонците сакаат корисно и значајно да разговараат со Бугарите, тие прво мора да го проценат лажниот поглед на нивната историја:

„Може ли дел од бугарското население, кое е дел од бегалци од Македонија, да прифати дека нивните прадедовци и дедовци дека не биле Бугари и дека не зборувале бугарски јазик. Ова е апсурдно! Од нив се бара само најмалата работа – да ги препознаат историските нивните корени и оттаму нивниот пат ќе биде отворен за секаде“.

Проф. Кирил Топалов предвидува дека без разлика која партија ќе победи на изборите во април, курсот на Бугарија кон РСМ нема да се промени:

„Македонците не треба да имаат големи надежи дека, доколку по изборите победи Бојко Борисов или некој друг, ќе заземе друг став. Никој нема да го стори тоа ! Никој нема да ја смени линијата на национално-историско достоинство. Ова е политичко самоубиство и во Скопје треба да го знаат тоа“, вели членот на Историската комисија.

Слични содржини