Почетна / Магазин / Топки за пилатес за сите оние кои работат во канцеларија

Топки за пилатес за сите оние кои работат во канцеларија

Ако поголем дел од денот го поминувате во канцеларија, седејќи, тоа не значи и дека не можете за тоа време да бидете активни.

Можеби сте забележале дека во големи корпорации во канцелариите има топки за пилатес и има одлична причина за тоа. Доволно е барем половина час во текот на денот да седите на таква топка, за да согорите повеќе калории, но и да придонесете за правилно држење на телото, подобра рамнотежа и поцврсти мускули.

Исто така, придонесува побрзо да се релаксирате, да се истегнете, да го вежбате балансот на телото, да го држите грбот исправен, но и да ги зајакнете мускулите на нозете и колковите.

Може да правите кратки вежби, но може и барем неколку минути да седите на топката и да работите, наместо на канцеларискиот стол.

loading...