ТОПЛЕС ФОТОГРАФИИ од ќерката на рускиот министер за одбрана ја разбеснија јавноста

од Stefanija Kuzmanovska

Ксенија Шојгу, ќерката на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, е под силен јавен напад. Додека војната беснее во Украина веќе 170 дена, таа ужива на морскиот брег.

На социјалните мрежи веќе неколку дена кружат фотографии од Ксенија Шојгу топлес, за кои не е сосема сигурно кога се направени.

На една од нив, Ксенија може да се види како лежи на стомак на лежалка. Наследничката на рускиот министер за одбрана не ја трга насмевката од лицето додека ја држи ногата на личноста до себе која најверојатно ја фотографирала.

Очекувано, фотографиите предизвикаа бес во јавноста.

Многу корисници на социјалните мрежи истакнаа дека е несоодветно Ксенија да се сонча на плажа додека руските војници убиваат украински деца.

Инаку, фотографиите од плажата се појавија откако Ксенија пред две недели го угости рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург.

Слични содржини