Топло чоколадо со црно вино, пијалак кој ќе ве стопли оваа зима

од Elena Daskalova

Во следните денови доаѓа намалување на температурите, а има ли нешто подобро за загревање од чаша топло чоколадо збогатено со тајна состојка за која само вие знаете.

Во продолжение прочитајте како да направите топло чоколадо со црно вино:

Состојки:

400 мл млеко
50 гр сецкано темно чоколадо
50 мл црно вино
Цимет, какао, шлаг…

Подготовка:

На тивко загревајте го млекото заедно со чоколадото. Мешајте цело време, за да не загори смесата. Додадете го виното и измешајте, па тргнете го топлото чоколадо од оган.

Префрлете ја течноста во вашата омилена шолја и декорирајте со цимет, шлаг или мрвици.

Слични содржини