Топлотниот бран однесе 14 животи во Велика Британија

од Stefanija Kuzmanovska

Тело на момче вчера беше извлечено од реката Трент во Велика Британија, па бројот на жртвите на топлотниот бран се искачи на 14.

Се верува дека станува збор за тинејџер кој претрпел топлотен удар додека пливал во реката околу пет и пол часот навечер по локално време.

– Спасувачката екипа од Дербшир тргнала во потрага по исчезнатото момче, сепак, кога тимот го пронашол околу 12 и пол, тие можеле само да констатираат смрт – им беше кажано на медиумите од полицијата.

Слична ситуација се случи еден ден претходно, кога тело на момче (14) беше пронајдено во канал во Западен Јоркшир.

Проблемите со топлотните удари се последица на високите температури во Велика Британија. Во последните денови, некои делови од земјата беа погодени од топлотен бран, па властите ги предупредија Британците за опасност од отворени води.

Досега 14 лица починаа од последици на давење во Велика Британија и се стравува дека тој број наскоро би можел да биде поголем.

Слични содржини