„Топол дом за сите“ – 10 семејства во социјален ризик ќе добијат нови домови

од Vladimir Zorba

Семејството Симоновски од Ѓорче Петров добија целосно реновирана куќа преку проектот „Топол дом за сите“, соопштија денеска од „Проект среќа“

„Топол дом за сите“ е проект кој здружението „Проект среќа“ го започнавме во декември 2019 година, и се однесува на реконстукција и градење на куќи на семејства со деца, кои живеат во исклучително нехумани и тешки услови, без елементарни услови за живот.

„Благодарение на Сенатор Казина, и хотелот „Paint It Black“ од Гевгелија компании кои континуирано даваат поддршка во проектите на „Проект Среќа“, кои се пријавија како главен донатор за градежните работи за цела куќа, во февруари, започнавме со изградба на првата куќа, на семејството Симоновски, од Ѓорче Петров, Скопје, самохран татко на 5 мали деца.
Тие дојдоа со своја екипа, и со неверојатен професионализам, и употреба на најквалитетни материјали, ја реализираа изградбата од кров до под. Во текот на градбата, се јавија и останати компании кои сакаа да учествуваат, па на 10 март завршивме со комплетна изградба на целата куќа, која беше во многу лоша состојба, во фаза на карабина, без електрични и водоводни инсталации“, велат од „Проект Среќа“.

Семејството за целото време додека се градеше куќата, било отселено, па изненадувањето и среќата на нивните лица била огромна.

„Тие деца, кои спиеја на под, без тоалет, ниту било што кое едно дете треба да има, за прв пат имаат своја соба, кревети, тоалет, вода, струја, и се што еден дом треба да поседува. Нашата среќа беше уште поголема, што успеавме да го направиме она кое замисливме, токму така, како што сметавме дека треба. Ние веќе ги имаме селектирано следните 10 семејства, на кои сакаме да им изградиме таква среќа, и да им го смениме животот од корен, нудејќи им за прв пат , вистински дом, во каков секое дете треба и има право да живее“, додаваат од Здружението.

Ова е еден од најголемите хуманитарни проекти, било кога продуцирани во нашата земја, и токму заради тоа, ќе ни треба целата поддршка која можеме да ја добиеме, велат од „Проект Среќа“, чиј продуцент, автор и главен менаџер е Кристина Арнаудова.

– Заеднички можеме да направиме големи нешта, прашање е само дали сакаме, додаваат оттаму и апелираат до медиумите на поголемо ниво на општествена одговорност и хуманост, „бидејќи, во тој сегмент имаме најлоша пракса во регионот, а веројатно и во Европа“.

Слични содржини