Топол италијански специјалитет: Паста со грав и колбас

од desk2

Доколку сте расположени за јадење со силен, но пријателн мирис, ви предложуваме да ја пробате италијанската pasta e fagioli (паста со грав).

Станува збор за традиционално италијанско јадење кое го вади најдоброто од едноставни состојки. Кога ќе го подготвувате, имајте на ум дека Италијанците ова јадење го сметаат за чорба, така да не мора да чекате сосот да згусти. Послужете го во длабока чинија исто како за чорба и уживајте.

Потребни состојки:
1 свеж скараџиски колбас
1 кромид
2 моркова
2 патлиџана
1 конзерва грав
3 чешниња лук
2 коцки пилешка супа
вода
маслиново масло
400 грама тестенини (макарони, фузили… по ваш избор)
рузмарин
пармезан
сол
бибер

Подготовка:
Во поголема тава со дебело дно загрејте го маслиновото масло. Колбасот ставете го во тавата и додека се пржи сечкајте го на мали парчиња. Додадете ги кромидот и морковите исечкани на коцки и пржете додека не омекнат, околу пет минути. Зачинете со сол и бибер. Додадете го гравот и потоа доматите исечкани на парчиња.

Зачинете со рузмарин, пржете околу минута, а потоа истурете 800 милилитри топла супа од коцки. Кога ќе зоврие, додадете ги тестенините и варете додека не омекнат. Послужете како топла чорба попрскана со пармезан.

Слични содржини