Торта со пудинг и кокос

од desk2

Направете си супер колач без печење на горештините кои веќе почнаа.


СОСТОЈКИ:
400 мл. млеко
1 пудинг од ванила
2 јајца
400 гр. шеќер
170 гр. маргарин
150 гр. шеќер во прав
200 мл. слатка павлака
48 бисквити
млеко за нив
кокос за горе
ПОДГОТОВКА:
Се става во лонец 350 милилитри млеко и се меша остатокот со јајца, пудинг и шеќер, па се става смесата во млекото на рингла кога ќе зоврие и се меша.
Се остава да се згусне со мешање и потоа се трга, па се става и маргаринот изматен со шеќер во прав, па се меша да се соедини смесата.
Се редат бисквитите натопени во млеко, па се става фил, и се така додека има.
Горе ставете кокос.

Слични содржини