Актуелно
Почетна / Македонија / Тортевски: Не може ВМРО-ДПМНЕ да одлучува за обвинителите од СЈО, ги гледаат како непријатели

Тортевски: Не може ВМРО-ДПМНЕ да одлучува за обвинителите од СЈО, ги гледаат како непријатели

Обвинителите од СЈО треба да продолжат да ги водат предметите, запознаени се со нив, долго работеле на тие предмети. Проблемот е што сме затворени во еден круг. Имаме една групација која што нив ги доживува како непријатели, а таа групација треба да одлучува за нивната судбина, изјави адвокатот Александар Тортевски.

-Доколку сакате да преговарате за некоја работа треба да се потрудите да најдете преговарач кој ќе сака да успее процесот, а не да не успее. Го ставате од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски да одлучува за тоа. Тој за обвинителите го користи терминот „да се вдомат“. ВМРО-ДПМНЕ нив ги доживуваат како непријатели. Едно обвинение има каде им е замрзната белата палата. Главниот фактор кој е загрозен од таа постапка, тие одлучуваат за судбината на овие кои ги гонат. Тоа се нашите апсурди, ако сакаме правда треба да ставиме луѓе кои нема да бидат поврзани со некакво обвинение, вели Тортевски.

Според адвокатот, Јавниот обвинител треба да одлучи дали обвинителите од СЈО ќе бидат дел од обвинителството за организиран криминал и корупција.

-Ова прашање не треба да се реши со закон туку ова треба да го решат Советот на јавни обвинители и Јавното обвинителство, вели Тортевски.

loading...