„Не верувам дека можевме да го избегнеме третиот бран на Ковид-19, со оглед на глобалната пандемија“, вели докторката Катерина Тошевска Трајковска за емисијата „24 анализа“.
Таа прашува зошто има толкав отпор кај населението да носат маски, бидејќи примарните мерки како дистанцата и маските се основа за справување со вирусот.
„Тоа е психолошки проблем. Како граѓаните на тој начин да се борат и да сакаат да докажат дека се посилни од вирусот. Посебен дел се луѓето кои се уште не веруваат во него“, изјави Трајковска.