Тошковски делумно потврди дека лица што протестирале за трагедијата во Кочани, добиле кривични пријави

од Vladimir Zorba
753 прегледи

На новинарско прашање дали дел од лицата што протестирале за трагедијата во Кочани, добиле кривични пријави, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски делумно потврди и нагласи дека ќе бидат поднесени кривични пријави за сите за кои постојат основи на сомнение дека е сторено одредено кривично дело.

-Од информациите коишто беа споделени во јавноста дел се точни дел се неточни. Секаде каде што постои основи на сомнение дека е сторено одредено кривично дело МВР ќе постапи и ќе процесуира соодветна постака до надлежното Јавно обвинителство. Онаму каде што постојат докази на степен на основи на сомнение ќе процесуираме соодветни постапки…Во конкретниот случај не би можел да специфицирам, но генерално, секаде каде што постојат докази дека е сторено одредено кривично дело од страна на кој било, без оглед дали седи на одрдено столче во рамки на одрдена институција или без оглед дали се однесува незаконито на улица, МВР ќе постапи. Заради тоа што еднаш засекогаш во оваа држава мора сите да се сложиме дали ќе ги почитуваме правилата на игра или нема да ги почитуваме. Ако сакаме да имаме држава мора да ги почитуваме правилата на игра, рече Тошковски на денешната заедничка прес конференција со Јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

Слични содржини