Тотален хаос на аеродромот во Тирана, Рама обвинува за „саботажа при испорака на вакцини“

од Nikola Popovski

Албанските власти остро ги нападнаа организаторите на штрајкот на аеродромот во Тирана, обвинувајќи ги за саботажа при испорака на вакцини.

„Саботажата нема да се толерира“, изјавил албанскиот премиер Еди Рама.

Рама ги предупреди; организаторите на штрајкот на аеродромот во Тирана дека ќе се соочат со последици доколку веднаш не го прекинат протестот, со што целосно бил запрен воздушниот сообраќај во тој град.

Министерката за инфраструктура Белинда Баљуку ги предупреди штрајкувачите дека нивниот протест претставува „закана за националната безбедност“, наведувајќи дека поради развојот на ситуацијата на аеродромот во Ринас, денеска нема да пристигнат вакцини во Албанија.

Рама и министерот за инфраструктура го обвинија албанскиот претседател Илир Мета за ваквиот развој на ситуацијата, а организаторите на протестот дека го „држат градот под блокада и покрај дебелата заработка“.

Контролорите на летот во Тирана ја прекинаа работата, барајќи да им се исплатат целите плати. Властите тврдат дека штрајкувачите се политички мотивирани и преплатени, пренесуваат албанските медиуми.

Слични содржини