Тотенхем е подготвен да ја зголеми платата на Ериксен на 200.000 фунти

од Vladimir Zorba

Тотенхем ќе се обиде да го задржи Кристијан Ериксен во клубот и ќе му понуди нов договор со значително зголемување на платата, објави „Дејли мејл“.

Во моментов, Ериксен добива премалку за играч од негов калибар – 80.000 фунти неделно. Данецот во јуни потврди дека сака да ја смени средината.

За него, ова лето беа заинтересирани Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед, но „петлите“ успеаја да го задржат 27-годишниот офанзивен играч од средниот ред.

Неговиот договор истекува следното лето, што значи дека во јануари Ериксен ќе има можност да потпише прелиминарен договор со друг клуб и да замине без никаков надомест.

Сепак, клубот од Северен Лондон не ги загубил надежите за продолжување на партнерството со Ериксен и ќе му биде понудено зголемување на платата од 200.000 фунти неделно.

Фудбалерот веќе рече дека парите не се единствениот фактор од кој зависи неговата иднина. Дури и ако се согласи на нов договор, тој може да побара да биде вклучен во договор што ќе му овозможи да оди во друг клуб за фиксна цена.

Откако се пресели во Тотенхем во 2013 година, Ериксен има постигнато 66 голови и асистираше за уште 86 на 278 натпревари.

Сепак, по ниво на плата, тој не е во првите десет во својот клуб.

Слични содржини