Тотенхем го елиминираше Челси во Лига купот, Мурињо ѕвезда на вечерта (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Тотенхем го победи Челси на пенали во луд меч од осминафиналето на англискиот Лига куп. По 90 минути беше 1:1.

За Челси, Тимо Вернер погоди во 19-тата, Ерик Ламела израмни во 84-тата минута, но ѕвезда на вечерта беше Жозе Мурињо.

Во 27-та минута од натпреварот, тренерот на Спарс имаше силна расправија со Френк Лампард, неговиот поранешен играч, а денес и тренер на Челси. Мурињо беше вознемирен од однесувањето на Лампард, па му рече да седне и да замолчи.

Натпреварот не беше премногу интересен, но Мурињо повторно направи циркус во 77-та минута. Среде напад на Челси, Ерик Диер истрча кон соблекувалната, веројатно затоа што мораше да оди во тоалет.

Но, лутиот Мурињо го следеше во тунелот и го врати на теренот.

Како што натпреварот се приближуваше кон крајот, Тотенхем стискаше и дојде до израмнување со голот на Ламела. Спарс беа непогрешливи од белата точка, а во четвртфиналето ги испрати Мејсон Маунт, кој ја погоди стативата во последната серија удари од белата точка.

Слични содржини