Тотенхем сака 350 милиони евра за да го пушти Кејн во Реал Мадрид

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн е новата „деветка“, која Реал Мадрид сака да ја привлече за следната сезона. На крајот на јули тој ќе наполни 26 години, што му дава предност пред истакнатите, но постари голгетери на Баерн (Минхен) и ПСЖ – Роберт Левандовски (30) и Единсон Кавани (полни 32 години следниот месец).

Затоа човек од раководството на клубот се поврзал со лондонскиот тим пред Божиќ, за да праша за цената на англискиот репрезентативец со цел започнување на преговори во следните месеци, пишува AS. Одговорот, сепак, не беше охрабрувачки за Реал: 350 милиони евра. Оваа сума пари ги одразува промените во трансфер пазарот, кои започнаа со пристапувањето на Нејмар во ПСЖ за 222 милиони евра, како и потребата на „кралскиот“ клуб да ја пополни празнината од заминувањето на Кристијано Роналдо, кој постигнуваше по околу 50 гола по сезона за тимот пред да помине во Јувентус.

Сопственикот на Тотенхем, Даниел Леви е познат како тежок за преговори човек, а мадриѓаните одлично го знаат тоа од нивните зделки по трансферите на Лука Модриќ и Герет Бејл пред доста години. Неодамна „петлите“ побараа 250 милиони од шпанскиот тим за правата на Кристијан Ериксен. Леви знае дека во Мадрид очајно бараат начин да го заменат Роналдо и затоа поставил толку висока цена на Кејн.

Во Реал сепак сакаат да почекаат како ќе се развие оваа сезона за клубот. Тимот од Лондон сепак не се брзаат да ги продадат. Во март, ако нема други одложувања, тие ќе го пуштат новиот стадион, а напаѓачот е централна фигура во плановите на менаџерот Маурисио Почетино за идните успеси на тимот.

Слични содржини