Траат тензиите: Низ Косово можете да се движите само пеш

од Nikola Popovski

Протестот на Србите од северот на Косово и Метохија со камиони и автомобили, како и блокадата на патот Рашка – Косовска Митровица и Рибарице – Зубин Поток, се уште трае.

Припадниците на специјалната полициска единица РОСУ се уште се распоредени во близина на контејнерите поставени пред неколку дена за припадниците на граничната полиција, лоцирани во Лепосавиќ.

Смената на косовскте специјалци, а ги има повеќе од 100 во Јариње и Брњак, се случува на 12 часа.

Преку Јариње и Брњак можете да се движите само пеш, бидејќи запрен е транспортот на стока за северот на Косово.

-Во моментов нема патнички возила во Јариње, а туку се само тие што биле паркирани вчера, јавува дописникот на РТС.

Од таму посочуваат дека во текот на денот имало неколку возачи кои чекале до еден час, но и тие како стотици луѓе вчера ги свртеле своите автомобили кон централна Србија.

Може да се движите само пеш низ Косово и Метохија. На Брњак и Јариње, превозот на патници функционира, но автобусите ги носат до преминот, потоа по формалноста пешачат 800 метри до блокадата и таму ги зема друг автобус или автомобил.

Угостителските објекти во Северна Митровица попладнево повторно биле затворени, исто како и вчера.

Слични содржини