Традиционален одмор на Путин: Од самоизолација на риболов во Сибир

од Vladimir Zorba

Рускиот претседател Владимир Путин помина неколку дена на одмор во Сибир, каде што шеташе и ловеше риба, објави денеска Кремљ.

Според Ројтерс, Путин бил во кратка самоизолација, поради мерка на претпазливост против коронавирусот.

Кремљ објави 20 фотографии на кои Путин стои во река како лови риба, шета по ливади и разговара со министерот за одбрана Сергеј Шојгу, неговиот вообичаен придружник за одмор.

Кон средината на септември, рускиот претседател рече дека ќе мора да помине „неколку дена“ во самоизолација, откако десетици луѓе во неговата околина се заразиле со коронавирусот.

Поради самоизолација, Путин мораше да го откаже патувањето во Таџикистан, на кое требаше да присуствува на безбедносниот самит.

Претседателот Путин прими две дози од руската вакцина Спутник В, а Кремљ објави дека се чувствува добро и здраво.

Слични содржини