ТРАГЕДИЈА ВО КИНА: 38 лица загинаа во пожар во фабрика (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 38 лица загинаа, а две се повредени во пожар во хемиска фабрика во централната кинеска провинција Хенан, соопшти денеска округот Венфанг.

Пожарот бил пријавен вчера околу 16 часот и 30 минути, а на пожарникарите им биле потребни околу три и пол часа да го стават под контрола.

Се уште нема информации за причината за пожарот и точниот број на загинати работници во фабриката.

Кина има историја на индустриски несреќи поради недоволно почитување на безбедносните мерки во услови на зголемена конкуренција и корупција меѓу службениците.

Како директни причини често се наведуваат лошите услови за складирање, заклучените излези и недостатокот на противпожарна опрема.

Во 2015 година, во голема експлозија во складиште за хемикалии во северниот кинески пристанишен град Тијанџин загинаа 173 луѓе, главно пожарникари и полицајци.

Слични содржини