ТРАГЕДИЈА ВО САД: Се урна болнички авион, загинаа пет лица

од Stefanija Kuzmanovska

Пет лица загинаа, меѓу кои пациент и медицински персонал, при уривање на болнички авион во американската сојузна држава Невада.

Несреќата се случила околу 21 часот и 15 минути во петокот вечерта, кога диспечерскиот центар на округот Лион почнал да добива бројни повици за можна авионска несреќа во близина на Стејџкоач, Невада, на околу 70 километри источно од Рено, пренесува Еј-Би-Си Њуз.

„Кер Флајт“, дел од локалната организација за итни случаи РЕМСА, со седиште во Рено, потврди дека авионот „Пилатес ПС 12“ исчезнал од радарот во близина на „Стејџкоач“.

„За жал добивме потврда од противпожарната бригада на округот Лион дека никој не ја преживеал несреќата“, наведуваат оттаму.

Во авионот се наоѓале пет лица – пилотот, медицинската сестра, пациент, лекар и член на семејството на пациентот.

Канцеларијата на шерифот на округот Лион соопшти дека остатоците од авионот биле пронајдени околу 23:15 часот.

Слични содржини