Трагедија: Поранешни одбојкарки загинале со нивните ќерки во страшна сообраќајка (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Кери Уртон Мекко (44) и Лесли Друри Пратер (44) некогашни одлични универзитетски одбојкарки загиначе заедно со нивните 12-годишни ќерки Кејси Мекко и Ријан Пратер во тешка сообраќајна несреќа до која дошло во петокот околу 11 часот во источниот дел на Мисури на автопатот 64, пренесува СиЕнЕн.

Кери Уртон Мекко и Лесли Друри Пратер се возеле со нивните ќерки на турнир во Канзас Сити, кога неименуван возач на камионет свртил од патот ја пробил банкината, се превртел и предизвикал тежок фронтален судар.

Возачот од несреќата се извлекол без повреди опасни по живот, но на мајките и нивните ќерки им немало спас. Полицијата објавила дека две лица починале на местото на несреќата, а две во локалната болница.
Пратер на Универзитетот Луисвил му донела три последователни конференциски титули, а со сопругот Џастин имала четири деца.

Мекко пак настапувала за универзитетот Сиракуза, а во последната сезона била капитен на тимот. Сопственичка е на повеќе рекорди, и трета најдобра додавачка во историјата на екипата. Исто така била во брак и мајка на четири деца.

 

Слични содржини