Трагедија во Босна: Дете загина на улица, втора кола ги покоси и родителите, возачите избегале

од Берта Китинска

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на улица во босанскиот град Бијељина каде 14-годишно дете загинало откако прво било удрено од еден, а потоа врз него налетал уште еден автомобил, во моментите кога мајката и таткото на детето се обидувале да му помогнат.

Родителите се тешко повредени, а и двајцата возачи избегале од местото на несреќата, јави агенцијата Срна
Сѐ се случило за само неколку минути. Во првата несреќа, возило удрило во детето на патот, по што возачот избегал и полицијата трага по него.

Додека мајката и таткото грчевито се обидувале да му пружат помош на момчетот, налетал втор автомобил и ги покосил сите тројца членови на семејството, кои биле на коловозот.

И вториот возач се обидел да избега од местото на трагедијата, но полицијата набргу го пронашла и тој е уапсен, пишуваат локалните медиуми.

Слични содржини