Трагедија во Босна: Момче паднало од тераса и починало, мајката си го одзела животот

од desk2

 

Семејна трагедија се случи во Бања Лука, Босна и Херцеговина, кога 10-годишно момче паднало од терасата од четвртиот кат, а еден час подоцна починало во болница. Кога мајката дознала, се самоубила.

Несреќата се случила пред 20 часот, кога момчето паднало од четвртиот кат од зградата.

Тоа со возило на итната помош е пренесено во болница, каде починало во 20.55 часот.

Телото на мајката (39) најдено е ноќеска. Кога дознала дека синот подлегнал на повредите, таа побегнала, а потоа е најдено нејзиното тело.

Слични содржини