Трагедија во Ѓорче Петров: Загина пешак

од Nikola Popovski

Голема сообраќајна несреќа се случила вечерва во скопската населба Ѓорче Петров откако бил прегазен пешак. Според првичните информации, пешакот загинал на самото место.

Полициски екипи и тим од Брзата медицинска помош се на местото на сообраќајката, која се случила во непосредна близина на зградата на општината Ѓорче Петров.

На оваа локација има раскрсница како и пешачки премини.

После увидот на полицијата, се очекуваат повеќе информации за околностите што довеле до овој трагичен настан.

Слични содржини