Трагедија во градинка во Кина: Маж убил две деца и повредил 16 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Две деца загинаа, а 16 лица беа повредени откако маж со нож изврши напад во градинка во градот Беилиум на југот на Кина, јави кинеската државна новинска агенција Ксинхуа.

Четиринаесет лица од повредените не беа сериозно повредени, а две лица ги очекуваат операции.

Инцидентот се случил во средата попладне во градинка во регионот Гуангкси.

Мотивот за нападот не е познат, а медиумите јавуваат дека осомничениот влегол во градинката околу 14 часот по локално време.

Полицијата го уапсила осомничениот за нападот и истрагата е во тек.

Слични содржини