Трагедија во Њујорк: Тројца американски војници загинаа при пад на хеликоптер (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Тројца припадници на Националната гарда загинаа кога нивниот хеликоптер се урна на рутински лет западно од Њујорк, соопштија властите.

„Хеликоптер за медицинска евакуација UH-60 се урна во малиот град Мендон во близина на Рочестер“, изјави Ерик Дар, директор на Стејт департментот за воени и поморски работи на Њујорк.

Истрагата за околностите на несреќата е во тек, пренесува АП.

Хеликоптерот полетал од меѓународниот аеродром Рочестер.

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо изјави дека знамињата на државните згради денес ќе бидат спуштени на половина копје.

Слични содржини