Трагедија во Охрид: Почина работник од Албанија

од Nikola Popovski

МВР соопшти дека 40-годишен работник од Албанија бил донесен во болница во Охрид со тешки повреди, со кои се здобил додека работел на објект.

„ На 05.07.2021 во 21.20 часот во СВР Охрид од Општа болница Охрид било пријавено дека кај нив бил донесен повреден Т.Ч.(40) од Р.Албанија, кој со повреди се здобил околу 16.00 часот, извршувајќи работни задачи на место викано „Грагорица“, во атар на с.Свиниште. По укажаната лекарска помош, тој им подлегнал на повредите“ соопшти МВР.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител, полициски службеници од СВР Охрид и инспектор.

Слични содржини