ТРАГЕДИЈА ВО ПАКИСТАН: Најмалку 20 лица загинаа во судир на автобус и камион со цистерна

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 20 лица загинаа во судир на камион со цистерна со нафта и автобус во Пакистан, јавија медиумите.

Засега не е познато што го предизвикало судирот кој се случил или доцна синоќа или рано утринава на автопатот кај градот Мултан. Портпаролот на полицијата изјави дека и автобусот и цистерната се запалиле по судирот, но не го кажа точниот број на жртви.

Телевизиските канали „Гео“ и „Дуња“ објавија дека загинале најмалку 20 лица.

Службеник на државната спасувачка служба на лице место за телевизија „Дуња“ изјави дека судирот го преживеале шест лица.

– Пожарот беснееше кога стигнавме – рече тој.

Слични содржини