ТРАГЕДИЈА ВО РУСИЈА: Работници починале од труење за време на извршување работни активности

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 10 работници починаа денес во Русија, најверојатно поради труење со метан за време на извршување работни активности за ремонт на постројка за пречистување на отпадни води во регионот на Ростов.

Уште осум работници се хоспитализирани, пренесува „Ројтерс“.

Рускиот истражен комитет започна истрага за смртта на работниците.

Властите треба да утврдат дали фабриката во селото Дмитријадовка на југот на Русија во близина на градот Таганрог ги прекршила правилата за безбедност при работа.

РИА Новости ја пренесува изјавата на локалните власти дека дошло до истекување на метан за време на итниот ремонт на постројката за третман на отпадни води.

Слични содржини