ТРАГЕДИЈА ВО ТУРЦИЈА: Се урна воен хеликоптер, загинаа неколку лица (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Девет војници загинаа, а четворица беа повредени при пад на воен хеликоптер во источна Турција, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.

Хеликоптерот се урнал во градот Татван во провинцијата Битлис, во кој претежно живеат Курди, пренесува АП.

Причината за несреќата сè уште не е позната.

Хеликоптерот бил на пат кон Татван од блиската провинција Бингол кога исчезнал од радарот.

Повредените војници биле пренесени во болница.

Слични содржини