ТРАГЕДИЈА ЗА МАНЧЕСТЕР: Лингард им подари победа на Јанг Бојс

од Nikola Popovski

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед беа поразени на отворањето на Лигата на шампионите од Јанг Бојс со 2:1 откако примија гол во продолжението од натпреварот.

Манчестер Јунајтед поведе во 13 -та минута од натпреварот кога португалската врска повторно профункционира. Бруно Фернандез со одлично додавање го пронајде Кристијано Роналдо, кој немаше проблеми да ја затресе мрежата на Јанг Бојс.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 35. минута, кога Јунајтед остана со играч помалку.

Ван Бисака доби директен црвен картон откако невнимателно стартуваше над Мартинс. Само три минути подоцна, Јанг Бојс речиси го искористија играчот повеќе.

Фаснахт остана заборавен на десната страна и промаши удар од десет метри, но „црвените ѓаволи“ имаа среќа.

Она што не успеаја во првото полувреме, успеаа во 66. минута кога во Берн беше виден израмнувачкиот гол.

Елија помина по десната страна, ја испрати топката во шеснаесетникот, а Енгамел погоди во мрежата за израмнување на 1:1.

А потоа студен туш за Манчестер Јунајтед и несфатлива грешка на Лингард, која ги чинеше победа во 95. минута.

Тој му ја даде топката на Сијебачу, кој ја искористи и постигна гол за 2:1!

Слични содржини