Трагикомични се нападите на Вангеловски и Маневски, тие беа симбол на заробено судство, вели Маричиќ

од Берта Китинска

Вангеловски и Маневски е трагикомично мене да ме напаѓаат за влијание врз судството, а тие беа симбол на заробено судство, вели министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето на Утрински брифинг кој се осврна на хајката која се поведе против него откако на Фејсбук објави реакција на одлуката на Апелација за ослободување на Мијалков.

– Целта ми е да ја повикаме судската фела на отчетност пред јавноста. Ништо повеќе. Сега толку многу е различно судството и апсолутно е смешно да се споредува. Маневски е причина поради која ЕК и Венецијанската комисија препорача министерот да не присуствува на сесисите на Судскиот совет. Има шест разрешувања на судии од Маневски кои паднаа во Стразбур и за кои државата плаќа оштета. Вангеловски е избран за претседател на Врховен суд кој беше именуван без ден работа како судија. Има кривична пријава за манипулации со притворски случај. Има пријави за злоупотреби на службената должност. Сакав да објаснам кои се ударна тупаница против мене, рече Маричиќ додавајќи дека клучно е довербата да ја имаат граѓаните дека тие одлуки.

Слични содржини