Трајанов: 2,5 милиони вакцини се само на список, нема цврст договор

од Nikola Popovski

„Тврдењето за два ипол милиона вакцини, или 200.000 вакцини, тоа е само на список. Меѓутоа ние немаме цврст договор кога треба да пристигнат вакцините“, изјави денес претседателот на Демократски Сојуз и пратеник во Собранието, Павле Трајанов.

Тој смета дека како држава доцниме со вакцинацијата и нема оправдување зошто доцниме.

„Еден клучен елемент за кој што се шпекулира е кој е основач на фирмата во Хонг Конг, двајца или тројца основачи. Или не знам една или две фирми кои што се вклучени. Натаму се зборува за еден посредник кој е многу присутен во јавноста во сите криминални афери, ако истата персона е вклучена и тука тогаш работава смрди дека тука нешто не било чисто“, вели Трајанов за пишувањата во италијанскиот весник „Ла Верита“.

Според премиерот Зоран Заев,  Македонија досега има нарачано 2,5 милиони дози вакцини од различни производители, а за имунизација на населението треба да се вакцинираат еден милион граѓани.

„Потребни ни се два милиона дози. Имаме нарачано 800.000 од Фајзер, 833.000 дози преку Ковакс механизмот, 400.000 од Кина и 200.000 од Русија. Исто така имаме дополнителни и од ЕУ преку грантот од 70 милиони евра за Западен Балкан како и најавени донации за соседите и со тоа стигаме до 2,5 милиони дози“, рече Заев.

Слични содржини