Трајанов: Не може да правиме отстапки од историските факти во преговорите со Бугарија

од Берта Китинска

-За влезот во НАТО и ЕУ , ни беше посочено дека треба да се реши проблемот со Грција, никогаш не се спомена Бугарија. Со Грција немавме друго решение освен политичка храброст за да се смени името. Никој не сака да го смени уставното име, но  тоа беше единственото решение. Сега и ЕУ отстапува од тој договор и упатува  дека треба да се најде компромис со Бугарија. Не може да правиме отстапки од историските факти. Нашата грешка е што во договорот сме прифатиле да стои заедничка историја. И да била со добра намера сега Бугарија тоа го корист,  вели лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов во „Само вистина“.

Тој додаде дека само со силен политички притисок од ЕУ и САД ќе имаме придвижување во преговорите.

Слични содржини