Tрајанов: Нема услови за предвремени парламентарни избори

од Берта Китинска

„Демократски сојуз донесе одлука за подготовки за самостоен настап на локалните избори“, вели Павле Трајанов, претседател на ДС во Студио 10.

-Денеска ќе продолжиме со разговорите со ДОМ и со ЛДП ќе поразговараме и со СДСМ, сите три партии. Очекувам и се надевам дека локалните избори нема да има причина да се одложат. Мислам дека за парламентарни избори нема услови. Треба Владата да го истера мандатот, а вака постојано сецкање на работата на Собранието, ќе се блокираат многу процеси. Треба да имаме една порелаксирана атмосфера. Сега ги подготвуваме листите за градоначалници и за носители на листи, во 60-тина општини ќе имаме кандидати за советници, во 30-тина општини ќе имаме кандидати за градоначлници. Наскоро ќе ја промовираме новата коалиција“ , кажа Трајанов.

Слични содржини