Трајанов: Ние предлагаме тело кое ќе ги координира институциите чија надлежност е битката со корупција

Во рамки на своето гостување во дневникот на Тв Сител, лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов посочи дека С.Македонија е земја со висок степен на криминал.

„Тоа е факт. Криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое мора да се справиме. Криминалот разорно дејствува врз целокупниот систем на државата и мора да се менуваат работите. Мора системски промени, мора да имаме заокружен и ефикасен систем. Значи, долго време како партија и јас како претседател на таа партија се ангажираме за проектот декриминализација. Војна против криминалот да се имплементира“, посочи Трајанов.

Во таа насока тој посочи и дека не се координирани седумте државни институции чија надлежност е токму борбата со криминалот.

„Владата изгледа не може да ги координира овие тела. Имено, ние предлагаме Закон за борба против корупцијата и организираниот криминал. Меѓудругото, предлагаме и формирање на Агенција која ќе ги координира активностите“, посочи Трајанов.

Трајанов истакна и дека политичка волја кај власта ниту имало, ниту пак, ќе има во иднина што се однесува до битката против криминалот и корупцијата.

Слични содржини