Трајанов очекува „булдожер“ дипломатија: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса

од Nikola Popovski

ЕУ не решила ниту едно сложено прашање. Се додека не се вклучи американската дипломатија нема да се реши ваков сложен проблем. Очекувам следните неколку денови да започне „булдожер“ дипломатија. Тоа значи можна е балканска конференција меѓу Македонија и Бугарија, а организатори да бидат САД. Слично како што беше Дејтон, лидерите на двете земји да седнат на заедничка маса, се додека не се најде прифатливи решение. Имам одредени информации од дипломатски избори дека тоа се подготвува, информира лидерот на Демократски сојуз и пратеник, Павле Трајанов.

Трајанов нагласува дека нема да го решиме спорот доколку САД не се вклучат многу посилно.

-Двете држави ќе бидат под голем притисок за да се надмине кризата. Поголеми се проблемите и покомплексни. Без притисок врз двете страни нема да се надмине проблемот, оценува пратеникот во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Слични содржини