Трајанов: Опозицијата направи добар филм со „киднапирањето“ на Реџепи

од Nikola Popovski

Отсуството на Реџепи добро го искористи опозицијата за да презентира дека тој бил киднапиран. Тие направија добар филм и мислам дека успеаа да создадат колебање кај јавноста, вели лидерот на Демократски сојуз и пратеник, Павле Трајанов во емисијата „Само вистина“.

Според него, многумина граѓани го прашале дали Реџепи е навистина киднапиран.

-Опозицијата беше свесна дека нема парламентарно мнозинство. Одлуката за повлекување е негова лична. Се потпишал – се повлекол. Тоа што го кажа Реџепи не ја оправдува мојата теза дека требаше да се појави дента во Собранието, не мора во салата, туку на прес-конференција и да каже: jaс сум тука, но се повлекувам, бидејќи видов партии кои се против вредностите на НАТО и ЕУ, вели Трајанов.

Слични содржини