Трајанов: Поблиску сме до предвремени парламентарни избори, отколку до ново мнозинство со нова влада

од Nikola Popovski

Оставката на Заев ги отвори овие прашања. Сметам дека во моментов сме поблиску до предвремени парламентарни избори, вели претседателот на ДС и пратеник, Павле Трајанов во изјава за ТВ 21.

Според него, со 61 или 62 пратеници, новото парламентарно мнозинство ќе биде нестабилно и нема да може да дава поддршка на проектите на Владата.

-Тоа ќе биде вовед за нови избори. Доколку се изгласа недоверба на владата, веднаш спикерот ќе бара кои од партиите имаат 61 потпис. После тоа следува 10 дена за мандат, па 20 дена за мандатарот да предложи влада, така да процесот ќе трае 2 месеци или повеќе. Поголеми се шансите за нови избори, отколку за ново парламентарно мнозинство со нова влада, порачува Трајанов.

Во однос на пратениците од БЕСА, тој има резерви дека партијата комплетно се приклучува кон ново парламентарно мнозинство.

-Таму е лидер Биљал Касами, дали тој ја контролира ситуација, претпоставувам дека да, бидејќи се работи за исклучително стабилна личност и вакви пресврти не се очекуваат баш од Беса, смета Трајанов.

Слични содржини